Трамп најавува голема истрага за изборните измами во САД

од Vladimir Zorba

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, преку „Твитер“ најави дека ќе се спроведе голема истрага за „изборните измами“.

Тој соопшти дека ќе се истражуваат гласовите на гласачите кои се регистрирани во две американски држави, односно тие што илегално се впишани во избирачкиот список, но и регистрираните гласови на лица што одамна не се меѓу живите.

„Во зависност од резултатите од истрагите, ќе ја заостриме изборната процедура“, напиша Трамп на „Твитер“.
За потсетување, претходно се појавија тврдења дека Русија му помогнала на републиканскиот кандидат Доналд Трамо да победи на претседателските избори на 8 ноември, што Трамп го отфрли, нарекувајќи ги тврдењата „смешни“.

Според расположливите податоци, кандидатката на демократите на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, освои речиси три милиони гласови повеќе од својот ривал Доналд Трамп, но изгуби на изборите затоа што немала доволно гласови од електорите./Мета

Слични содржини