Трамп: Ништо од префрлањето на амбасадата на САД во Ерусалим оваа година

од desk2

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска негираше дека американската амбасада од Тел Авив оваа година ќе ја премести во Еруалим, јави Ројтерс.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху вчера рече дека очекува контроверзната одлука на Трамп наскоро да биде спроведена, но за сега ништо од тоа.

Трамп на почетокот на декември објави дека ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел и таму ќе ја префрли американската амбасада што во меѓународната јавност беше протолкувано како нарушување на статус кво и оневозможување на мировниот процес и решенија на блискиот исток.

Палестинците, кои источен Ерусалим го сметаат за главен град на Палестина почнаа со секојдневни демонстрации против одлуката. Од Стејт департментот порано рекоа дека веројатно ќе поминат најмалку три години пред да се спроведе одлуката.

Трамп во ексклузивно интервју за Ројтерс го отфрли планот тоа да се случи годинава.

Слични содржини