Трамп пироманот

од Vladimir Zorba

Ле Монд Дипломатик – Париз

Светот според Доналд Трамп навистина изгледа мрачно. Американската економија тоне. Мексико испраќа орди криминалци преку границата за да крадат работни места и да силуваат жени. Исламска држава, во чие основање учествувале Барак Обама и Хилари Клинтон го освојува светот.

160422_pol_donald-trump-act-jpg-crop-promo-xlarge2

– Нашата земја оди кон пеколот“, објави тој за време на републиканските прелиминарни избори. Ова е како во Средниот век, изјави тој за време на втората претседателска дебата. – Досега не сме виделе вакво нешто, кланици низ целиот свет, рече Трамп.

За Трамп, во САД не е утро, туку е само неколку секунди пред полноќ на судниот час. Иако неговата кампања зајадливо продолжува да ветува нов почеток за земјата, кандидатот и неговите советници испраќаат различни пораки дека „крајот е близу“.

Сите се согласуваат дека иако двата мандати на Обама не беа прошетка низ парк, влогот во 2016 година е разурнувачки повисок за светот. Ако Клинтон биде избрана, иднината може да биде, како што ја насловнија нивната последна книга конзервативните политички оперативци, Дик Морис и Илејн Мекган, „Армагедон“.

Претседателките кандидати често создаваат мрачна слика за светот во време на завршување на мандатот на актуелниот претседател, со што се засилува драматичниот ефект на случајот. Дури и шоуменот Трамп не застанува на својот пат кон највисоката позиција и ја нарекува американската војска „катастрофа“, затоа што е наводно недоволно финансирана и дека САД се „земја од третиот свет“ заради својот несопирлив економски пад. Трамп зборива како да е хибриден продукт на Карл Маркс и Ен Коултер.

Светот на Трамп, сепак, е фотографски негатив на статистичката реалност. Американската економија е во приличен подем во последниве неколку години (иако користа од тоа е се освен рамномерно распределена). На национално ниво, насилниот криминал е во опаѓање (иако бројот на убиства расте во некои градови како Чикаго). Администрацијата на Обама избегна да војува со Иран и разговара за детант со Куба (иако останува во војните во други делови од светот и обезбеди досега највисоки трошоци за Пентагон). Ако годините под Обама е тешко да не се критикуваат, тогаш тешко е и да не се прифатат.

Во распрскувањето на она што еден од неговите повисоки помошници го нарече „заедница заснована на реалноста“, Администрацијата на Џорџ Буш Помладиот беше предизвикана да создаде алтернативна реланост на терен, посебно преку директно изведување на американската воена сила – и сите добро знаеме како на крајот тоа заврши.

Трамп изгледа има уште помалку интерес за „заедница заснована на реалноста“. Очигледно тој е убеден дека бледата моќ на неговиот топ, дури и без моќта која ја има војската, треба да биде доволна за да го смени нашиот свет. По се, зарем не се здоби тој со лојалност на телевизијата и – на неверување на политичарите и медиумските коментатори низ целиот свет – со републиканската претседателска номинација?

Заедница заснована на реалноста – која Трамп на насловува со „елита“ – не сака да има ништо со него. Дискрепанцата помеѓу неговата реторика и она што луѓето го нарекуваат факти, делумно го објаснува дури и конзервативната елита – истакнатите републиканци како Брент Сковеркрофт и Џон Ворнер, конзервативните колумнисти како Џорџ Вил, па дури и неоконзервативците како Бил Кристол, а да не зборуваме за весниците наклонети кон десно како „Аризона Рипаблик“ и „Далас Морнинг Њуз“, кои направија историски одлуки да го напуштат нивниот партиски кандидат за претседател.

Но, не се залажувајте. Постои метод за посебната верзија на Трамп за лудило. Тој и неговиот срамежливо насмеан партнер во трката, Мајк Пенс, ја играат нивната визија за Америка исфрлена во Вселената не само за да добијат општо политички поени, туку да се допаднат на многу специфичен комплекс од гласачи со истакнување на апокалиптичната страна на американската политика. Евангелисти, антиглобалисти, и бели избирачи кои се колевката на неговата поддршка слушаат во рафалите на Трамп повеќе отколку серија факти за забава.

Кога Доналд вели дека Хилари е „ѓаволот“ и дека Америка оди кон пеколот, неговото избирачко тело – навлечено на библиските пророштва, идеологијата на опстанувачите и расистичките конспирации, буквално го понесуваат. Америка е на работ на (изберете си слободно): Хаосот, последните денови на трката меѓу американските патриоти и освојувачите од ОН или на сеопшта расна војна до самиот крај.

А токму тука карневалската претседателска кампања на Трамп е посебно превртлива. Тој се нафрла посебно кон секој можно замислен Армагедон, посебно вистинските планетарни кои се – или би требало да бидат – речиси неизбежни овие денови. По се, тој ги отфрли климатските промени како „измама“ и кинеска измислица. Тој е толку неопседнат со нуклеарното оружје, што му е сеедно за помислата на американските сојузници, како Јапонија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија, да си развијат свое. Тој нема што да каже за потенцијалните глобални пандемии (но има многу да распали за потенцијалните малигни ефекти од вакцинациите).

Да се прифати природата на таквите вистински опасности треба најмалку минимално разбирање на науката. Потребна е и вистинска загриженост дека светот како што го познаваме ќе заврши во нашиот животен век, или во оној на нашите деца или внуци.

Се разбира, не сметаат ситеб дека апокалипсата е нешто лошо.

Подемот на евангелистичката десница

Не е нешто посебно тешко да се објасни 1980 година како мачна за Америка. Наглиот пораст на цените на нафтата во 1979 година ја одведе економијата на САД во ендек, а советската инвазија на Авганистан ги доведе двете супер сили во уште еден круг на тензии во Студената војна. Иранските радикали држеа како заложници 52 американски дипломати во Амбасадата на САД во Техеран, што создаде дневно (а благодарение на ноќните извештаи на Тед Копел) и ноќно понижување за претседателот Џими Картер и неговата Администрација.

Како републиканскиот претседателски кандидат, Роналд Реган одговори на овие настани со постојано воздугнување на имиџот на Америка во слободен пад. Неговите мрачни визии дека американската култура ги цементирала неговите врски со десното крило кое беше во подем заедно со евангелистичката заедница. Историчарот и интелектуалец Пол Бојер истакна дека уште од 1971 година, Реган тврдел дека „денот на Армагедон не е далеку“. Тоа се однесувало на превирањата на Блискиот Исток и клучната улога на Израел таму, – Таму се се распаѓа. Нема уште многу време, велел тој.

Реган не можеше баш лесно да се продаде на основа на Библијата. разведен и способен на се освен на редовно одење во црква, тој беше многу блиску поврзан со јавната свест за Содомата на западниот брег, Холивуд. На изборите во 1980 тој излезе против Џими Картер, роден христијанин кој отворено ја презираше верата.

Реган призна дека го искористил одобрувањето од моралното мнозинство, одновано од пречесниот Џери Фолвел во 1979 година и тој почна директно да и се обраќа на религиозната толпа со воспоставување на нова традиција со вметнување на „Бог ја благословува Америка“ во неговите говори. Но токму оние повторувани укажувања за Армагедон се тоа што ја зацементира неговата врска со религиозната десница.

Апокалиптичното размислување е срцевината на погледот на евангелистите. Всушност, тоа е она што принципиелно ги двои од мејнстрим христијаните. Единственото нешто кое влијае на тоа како ги живеат нивните секојдневни животи, е тоа што тие веруваат дека одиме кон крајот на светот, раѓањето на Антихристот, кон големата неволја и страшниот човечки холокауст.

Мејнстрим медиумите тогаш беа шокирани дека Реган користеше таква реторика за судниот ден во Овалната канцеларија. – Тешко е да се поверува дека претседателот всушност дозволува идеологијата за Армагедон да ја обликува неговата политика кон Советскиот сојуз, беше објавено во уреднички коментар во „Њујорк тајмс“ непосредно пред изборите во 1984 година.

Сепак тој беше првиот кој ги портретираше Русите како Сотони и кој продолжи да зборува за таа финална битка. Реган лесно излезе на изборите и победи за втор мандат. Подоцна, Џорџ Буш Помладиот ги искористи истите апокалиптични приказни за да ја оправда инвазијата врз Ирак и неоправданата поддршка за Израел, а тоа и нему не го спречи да освои втор мандат.

Сепак, кога Барак Обама стана претседател во 2008, евангелистите доживеаја силен пад во политичкото влијание. Тие продолжија да зависат од Конгресот и од неколкумина судии во Врховниот суд – заедно со нивните пиштоли и религијата – но имаа мало влијание врз претседателот за кој повеќето републиканци веруваа дека е муслиман роден во странство . (Или си со нас, или си роден во Кенија).

Осум години подоцна евангелистичката заедница се соочи со срам од богатите на републиканските прелиминарни избори: неколкумина повторно појавени кандидати (Мајк Хакаби и Тед Круз), неколку евангелистички католици (Рик Санторум, Марко Рубио и Џеб Буш), па дури и евнагелистичкиот адвентист Бен Каросн. За споредба, Доналд Трамп дури од неодамна застана на фронтот на верата.

Многу евангелисти се скептици во врска со него, бидејќи како и Реган, тој не се вклопува во матрицата за беспрекорен канидиат христијанин. И тој е разведен, вовлечен во многу вонбрачни афери, зазема позиции како самиот си сака, доаѓа од Гомората од источниот брег, Њујорк, па дури и одбил да побара прошка од Бога. Сепак, кога ја доби номинацијата за кандидат на партијата, стапката на одобурвање за Трамп нагло скокна меѓу евангелистите кои претставуваат една петтина од јавното гласање.

Трамп триумфира кај евангелистите делумно затоа што ги менуваше своите ставови. На пример, тој сега тврди дека планира да му се покори на Бога (во некоја неодредена иднина) и се колне дека ќе го поврати евангелистичкиот глас во политиката. Тој стана силен пртотивник на абортусот и се залага за еднаков пристап во арапско-израелскиот конфликт за тврдокорната позиција на премиерот Бенџамин Нетанјаху, кој има поддршка од евангелистичката заедница. Тој дури и убеди некои евангелисти дека неговиот нов однос со Исус го претворило во она што Џејмс Добсон го нарече „бебе христијанин“.

Трамп исто се надева на извесна прагматична поддршка од евангелистите. Тие се сега убедени дека само тој може да го поведе Врховниот суд во вистинскиот правец, да го укине нуклеарниот договор со Иран и да запре извесен потенцијален бран на социјални протести. – Трамп зборува за длабоките стравови со што тој денес анимира многу бели евангелисти, вели Мери Грифит, директор на Џон Данфорт центарот за религии и политики при Универзитетот во Вашингтон.

– Над се, стравот дека тие и нивните вредности се истуркани од странци, емигранти и од муслимански сили, како и од домашни движења како што се „Важен е животот на црните“, правата на хомосексуалците, женските права, и друго,вели Грифит.

Сепак, овој фокус на прагматичната желба на евангелистите ја повратат некој вид на политичко влијание и моќ која ја загубија во изминатите седум години само оди во прилог за објаснување на додворувањето на Трамп. Она што е далеку поважно, на илјадалетните веб страни Трамп се појавува како мистериозно оружје со кое Бог сега мафта за да ги врати исправните поблиску до уништувањетп.

– Бог се подготвува да ги потресе нациите во светот, напиша евангелистчки блогер во типичен стил на кандидатот. – И верувам дека Тој ќе го искористи Доналд Трамп за да го стори тоа. Не знам дали Бог ќе го искористи Трамп да взврати на доаѓањето на Антихристот. Сепак знам дека без Трамп страдањето нема да биде далеку. Затоа морам да го поддржам Трамп, вели тој.

Поддршката од многу илјадалетници доаѓа од вербата дека Бог го назначил Трамп како главен нарушувач на статус квото, балот за уништување на човекот кои ќе ги збришат сите структури кои стојат на патот на второто доаѓање на Христа. Никој (освен самиот Доналд Трамп) не може да го помеша Месијата со кандидатот, но некои евангелисти го замислуваат во улогата на Јован Крстител која му прилега.

Некои евангелисти веруваат дека нивниот кандидиат ќе ја спречи апокалипсата која ја донесоа неверните демократи; други дека тој ќе ја спечи таа апокалипса а со тоа и второто доаѓање. Заради сето тоа, Трамп е еден куп контрадикторности – банкротиран милијардер, елита на популистите, политичар кој никогаш немал своја должност – не изненадува што евангелистите во него можат да пронајдат речиси се што посакуваат, дури и ако им е тешко да ги интерпретираат неговите „обзнани“.

Против глобалистите

Филмот „Америгедон“, кој беше промовиран годинава и режиран од синот на актерот Чак Норис, кој е алт-десничар, отсликува со вознемирувачки детали за параноидниот поглед на светот за она што ќе стане познато како алт-десница (неорекационерско движење кое е дел од десничарската идеологија и која го отфрла мејнстрим конзервативизмот; силно поврзано со белата супремација, антисемитизмот, антифеминизмот, антиисламизмот и десничарскиот популизам), силно зависни од компјутерската технологија, антиглобалистичко и антиемигранстко движење кое бегло се потпира на рабовите на Републиканската партија.

– Најголемата закана за нашата слобода лежи во нашата Влада, објавува „Америгедон“ во трејлерот за филмот. Во филмот, предавниците на Белтвеј се здружиле со глобалните терористи и Обединетите нации за да ја урнат Америка. Ова е филм во кој има се што опстанувачите би посакале: странци кои користат ЕМП (електромагнетен зрак) за да ја сопрат електричната мрежа во САД, голем полициски час кој го вовела Владата, сопствениците на оружје кои на крајот победуваат. Ако би можеле само со едно дивиди да вооружите некој бетонски бункер, тогаш е тоа овој филм.

Џоунс е радио водител кој води и информациски војни преку веб страна. Тој верува дека Владата на САД сокрила секое нејзино ангажирање, почнувајќи од бомбашкиот напад во Оклахома сити и 11 септември, па се до лажното слетување на месечината и Викиликс. Тој е либертаријанец (ја мрази Владата), палеоконзервативец (ги мрази либералите), и опстанувач (неговите приказни кои ги користи во информациските војни содржате цела палета (роизводи за подготовки за моментот кога електричната мрежа ќе се распадне).

Херој на конспирациите за крајот на светот, Џоунс се појавува во сторијата за Америгедон и тој ја користи неговата медиумска империја за да го вози филмот. За некого со толку ортодоксни ставови, тој има многу следбеници. – Џоунс привлекува поголема онлајн публика отколку Раш Лимбау и Глен Бек заедно – и неговите рафали нанижани со конспирации прават двајцата водители на „Нешенел паблик радио“ (НПР) да звучат како чајанка на Золофт, папиша Александер Зајтчек во „Ролинг Стоун“ во 2011 година. Неговата веб страна привлекува 40 милиони уникатни посетители секој месец.

Џоунс изведе повеќе од величенствено појавување во кампањата на Трамп. Кога кандидатот се појави во неговото шоу во декември минатата година, радио водителот му вети дека има поддршка од 90 проценти од неговите слушатели. – Вашата репутација е фантастична. Нема да ве изневерам, му одговори Трамп. Одбивајќи да стане помејнстрим претседателски кандидат и продолжувајќи да постира бизарни твитови, тој навистина го одржа неговото ветување.

Ако Трамп успеа да го улови евангелистичкиот глас со многу цитати од Библијата, со алт-десничарската толпа тој често цитира поглавја и стихови од нивните пророштвга. На пример, досега тој исфрли такви терории на заговор како што беше раѓањето во странство на претседателот Обама, „илјадници и илјадници“ муслимани кои ги славеле нападите од 11 септември и сушата која ја создала Владата во Калифорнија. Информациските војни ги промовираа сите овие „факти“, плус го повторуваа повикот „Хилари во затвор“, која како вирус ги зарази присутните републиканци на конвенцијата во Кливленд. Додека другите кандидиати имаат доверба во умот, Трамп има силна доверба во повиците.

Џоунс наменува голем дел од неговите рафали кон оние кој тој ги нарекува „глобалисти“. За алт-десничарите, „глобалист“ е код кој, исто како и „космополитски“ се однесува на тајна мрежа на конспирациски (и воглавно Евреи) личности: Џорџ Сорос, Хенри Кисинџер, Ротшилди. Џоунс има своја верзија за крајот на светот. – Глобалистите градат свет, свој сопствен свет, каде нормалниот човечки живот завршил, Тоа е ѓавол. А црквата тоа нема да ви го каже. Тоа е вонземска сила, која не потекнува од овој свет, и која го напаѓа човештвото, како што го кажува тоа Библијата и секој друг старт текст, распукува тој.

Трамп се докажа како случаен херој кај антиглобалистите, како и кај евангелистите. Тој е меѓународен капиталист со инвестиции во повеќе десетици земји. Неговите брендирани продукти се произведени во Кина и Мексико. Тој го фали рускиот претседател Владимир Путин и го смета израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху за пријател.

Но, Трамп е аутсајдер онаму каде што е тоа важно, барем кај оние кои живеат на крстосницата меѓу конспирацијата и катастрофата. Тој прави митинзи против меѓународните организации, како ОН (на која треба да и биде намален статусот) и НАТО („влошка“). И покрај неговите глобални бизниси, тој се спротивставува на слободната трговија и се заканува дека ќе ја повлече САД од Светската трговска организација. Го поддржува Брегзитот, застанува против мигрантите и инсистира на поставување на „Америка на прво место“.

Не изненадува што овие пораки исто наоѓаат слух кај белиот човек кој е сржта на алт-десницата, иако тие не се примарно загрижени заради доаѓањето на Антихристот, ниту пак заради пристигнувањето на „црните хеликоптери“ на ОН. Наместо тоа, овие вистински „наметнувања“ повеќе опседнуваат во врска со видот на бавниот Америгедон во кој близначката закана по демографијата и миграцијата ќе ја претвори Америка во непрепознатлив (не-бел) пекол. Се разбира, тие ја поздравуваат раскошноста на Трамп против муслиманите и мигрантите без документи.

На неонацистичката веб страница „Дејли Стормер“, уредникот Ендрју Енглин за време на републиканските прелиминарни избори напиша: „Ако Доналд ја добие номинацијата, тој со сигурност ќе ја победи Хилари, затоа што белиот човек како што сме јас и ти ќе излеземе и ќе гласаме за првпат во нашите животи за еден човек кој навистина ги претставува нашите интереси“.

Трамп препрати бројни твитови кои доаѓаат од алт-десничарите, а ангажирањето на Стивен Бенон, поранешниот извршен директор на „Брејтбарт Њуз“, како негов менаџер на кампањата ги закова неговите врски со таа заедница. – Ние сме платформата за алт-десницата, и рече Бенон на на новинарката Сара Поснер на конвенцијата на републиканците, мислејќи на „Брејтберт Њуз“.

Трамп не е само херој на алт-десницата, тој е човек околу кој сега заедницата се идентификува, знаменоносецот на антифеминизмот, антисемитизмот, расизмот, конспирацискиот поглед на светот. За разлика од заедниците на евангелистите и опстанувачите, не постои разлики со алт-десницата. Трамп е нивниот предводник, единствениот кој може да спречи нивната одредена апокалипса – победата на мултикултурализмот – да си дојде на вистинското место.

За сите три изборни тела кои се преклопуваат – евангелистите, антиглобалистите и алт-десницата, Трампт го трансформираше параноидниот стил кој долго дремеше под површината на американската политика во оригинална и отворена изборна сила. Овие групи го поддржуваат Трамп затоа што тој вети дека ќе го доведе во ред секуларниот меѓународен статус кво, заснован на реалноста.

Како врв на сето тоа, Трамп во основа е незаинтересиран за секојдневните компромиси во светот на политиката. Тој дури и не го разбира политикантството во самата Републиканска партија, што им одговара на многу републиканци кои се згрозени од својата партиска елита. Како што го кажа тоа Ерик Ериксон, еден од неговите конзервативни опоненти: „Во еден момент, базата на партијата само сака да ја запали куќата и се да почне од почеток“.

Во срцето, Трамп е пироман. До извесна мера, тој е навистина подготвен да го стави бензинот и да го запали чкорчето. Неговиот апокалиптичен став за секојдневната политика и она што ги плаши срцата на либералите и конзервативците – и кое пали оган во стомаците на најбелите бунтовници во Америка.

Вистинска дистопија

Судијата во Врховниот суд, Рут Бадер Гинсург, го изрази стравот на многу Американци кога го наведе Нов Зеланд како можно засолниште од Трампокалипсата – дека победата на републиканскиот кандидат во ноември дека ќе биде екстремна временска непогода која ќе го зафати целиот свет наместо само неколку изолирани острови.

И нема сомнеж дека ураганот Доналд ќе го уништи светот. Неговото противење на справувањето со климатските промени и желбата за Парегзит – излегувањето од договорот од Париз за климатските промени – гарантира дека живата во термометарот на Мајката Земја скока уште повеќе.

Неговата замисла за светската економија нема сомнение дека ќе доведе до глобална рецесија. Неговата поддршка за неподдржувањето на Европската унија ќе им го даде сето право на европските алт-десничари да поведат кампања за нејзино укинување. Неговата заложба да тргне директно против Исламската држава со сигурност ќе и даде на таа организација нов кредит за живот.

Во меѓувреме во САД економските планови на Трамп уште повеќе ќе го прошират јазот меѓу богатите и сиромашните и ќе предизвика потсмев со поддршката од државните службеници кој тој ги привлече. Ќе им даде извесна моќ на евангелистите кога ќе стане збор за трансформација на социјалната плитика и со неговите номинации за судии во Врховниот суд, ќе влијае на иднината многу пододлго отколку што ќе биде неговиот мандат. Инспириран од овој пример, силите на алт-десницата без никакви двоумења ќе ја изнесат својата битка на улиците во американските градови.

Ниту пак Трамп не е сам. Некои верзии од неговиот популистички екстремизам можат да се најдат во секој агол на светот, почнувајќи од Русија на Владимир Путин и Никарагва на Даниел Ортега – а да не наведуваме земји на други политичари, како французинката Марин Ле Пен, која се надева дека еден ден ќе ја зграпчи власта.

Таквите лидери се можеби разделени заради религиозна, етничка, па дури и претпоставената политичка идеологија, но сите тие веруваат дека дека ќе ги стават своите нации – и нивните лични амбиции – над сеопштото глобално добро.

Индивидуално, тие имаат намера да градат нелиберални поредоци во своите земји. Заедно, тие се наклонети кон уништување на тој кревок ентитет познат како меѓународна заедница и благодарение на климатските промени и на планетата која доаѓа заедно со неа.

Изборите следниот месец се важни. Но клучните поддржувачи на Доналд Трамп нема да се преселат во Канада – или Русија – ако нивниот кандидат изгуби. Оние кои се жедни за поедноставени, авторитарни решенија, кои ги нудат опасните популисти низ светот нема да се повлечат во политичка апатија едноставно заради презирот кон нив натрупан од мејнстримот.

Апокалиптичната реторика на Трамп и неговите следбеници е самоисполнувачко пророштво. Директниот ветер во едрата на овој популистички ураган беше интензивиран од со децении поларизираните економски и социјални политики. Што и да се случи во ноември, прогнозата е дека пред нас е уште побурно време.

Слични содржини