Трамп планира сериозно да ги намали привилегиите на федералните службеници

од Vladimir Zorba

Доналд Трамп има план за реформа на федералната администрација кои на вработените нема да им се допаднат, пишува “Вашингтон пост” во статија за подготовката на екипата на идниот претседател и неговите промени.

zx450y250_2869311-1

Реформата се дискутира и се контролира од републиканците во Конгрес и предвидува укинување на голем број привилегии и заштита на работните места, од кои администрацијата се црпеа разни придобивки.

Промените предвидуваат замрзнување на платите, прекин на системот за автоматско зголемување во кариерата при акумулација на искуство, забрана за државна помош за синдикатите и не толку дарежливи пензии.

До неодамна тоа беше незамислив пристап кон стотиците федерални вработени, синдикатите и нивните поддржувачи во Конгресот. Но победата на Трамп како кандидат надвор од статус кво ситуацијата, вети дека ќе го потресе системот. Се повеќе конзервативци сметаат дека можат да преземат нешто што републиканците не си дозволиле во 133-годишната историја на модерната федерална администрација на САД.

Њут Гингрич, поранешниот претседател на Претставничкиот дом и близок советник на новиот претседател, го повика да ги реформира гаранциите за “доживотна работа” во администрацијата.

Според него реформата може да биде предводена од Стивен Банон, поранешниот шеф на Breitbart News, кој беше претседател на изборниот штаб и стана еден од главниот советници на Трамп во идната администрација на Белата куќа. “Ова е голем, голем проект”, дополнува Гингрич.

Банон кој со остар тон го напади “варварскиот капитализам” на Вашингтон и предупредуваше за “корумпирани влијание на владата”, ја опишува администрацијата како премногу великодушно платена и премногу подуена “привилегирана класа”.

Во ноември Breitbart News напиша дека бројот на владините службеници во САД го надминуваат оној на работниците во производството со 9.977 000 луѓе. Всушност, цивилните службеници во федералната администрација се 2,1 милиони луѓе.

Гингрич вели дека најверојатно ќе се земе пример од Скот Вокер, републиканскиот гувернер на Висконсин, кој ги лиши синдикатите на државните службеници од повеќето од нивните права за колективно договарање и ги принуди вработените да прават поголеми лични придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Новоизбраниот потпретседател Мајк Пенс исто така има со што да даде пример – како гувернер на Индијана тој одобри зголемување на платите на американски службеници, единствено ако добиле добра оценка за досегашната работа. Оваа стратегија беше тестирана во Пентагон за време на претседател Џорд Вокер Буш, но лошо се администрира и беше напуштена. Таа е различна од сегашниот систем за автоматско зголемување на плаќањето според предвременото пензионирање.

Веројатно замрзнувањето на платите ќе биде селективно спрема одделни сектори од администрацијата. Причината е дека Трамп сака да го затвори Министерството за образование и делови од агенцијата за заштита на животната средина, но во исто време да го зголеми составот на армијата, тројно да ги зголеми агентите на имиграциската служба и да ангажира илјади во пограничните патроли.

За целта не му е потребно одобрение од Конгресот – тој може да ги искористи своите овластувања на претседател со издавање на директна наредба (т.н.. Executive order) или преку инструкции кон федералните агенции од пониска категорија.

Слични содржини