Трамп подготвил декрет за укинување на санкциите кон Русија

од Vladimir Zorba

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп подготвила документ со кој се укинуваат санкциите за Русија, соопшти научен соработник на аналитичкиот центар „Атлантик каунсил“, Фабрис Потје.

„Извори од Вашингтон велат дека администрацијата на Трамп подготвила извршна наредба да се укинат санкциите за Русија“, напиша Потје на „Твитер“.


Тој наведува дека на 28 јануари Трамп телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со канцеларката Ангела Меркел.

Претходно Трамп изјави дека постои можност да се постигне договор за нуклеарното оружје со Русија, во замена за укинување на антируските санкции.

Слични содржини