Трамп призна: Американците имаат причина да бидат загрижени од нуклеарна војна со Северна Кореја

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД Донлад Трамп смета дека Американците имаат причина да бидат загрижени за  почеток на нуклеарна војна меѓу Америка и Северна Кореја.

“Секогаш треба да се грижите. Не е јасно со кого си имаме работа “, вели Трамп во интервју за телевизискиот канал TMJ-4 што беше емитувано во вторникот. “Имав многу убава средба со претседателот на НР Кина и таа ми овозможи да научам многу”, додава тој. Според американскиот претседател, Кина поседуваат премногу моќ над Северна Кореја. “Ќе видиме што ќе се случи. Ситуацијата воопшто не е едноставна “, нагласува тој. Според него претходните аранжмани меѓу Вашингтон и Пјонгјанг биле исклучително штетни за американската страна. “Сега јас се најдов во ситуација кога тој (лидерот на Северна Кореја бел.ред) располага со нуклеарно оружје. И ние треба да направиме нешто со тоа. Се надевам дека тој сака мир, ние сакаме мир. На крајот сето тоа ќе зависи од тоа, но ние ќе треба да почекаме и да гледаме што се случува “, забележува тој.

Во меѓувреме агенција “Јонхап” соопшти дека севернокорејски телевизиски канал покажал видео клип на кој Северна Кореја нанесува ракетен напад врз САД. Клипчето е прикажано на свеченостите во чест на 105-годишнината од раѓањето на Ким Ил Сунг – дедо на сегашниот лидер Ким Јонг Ун. Балистички ракети лета  над океанот и нанесува удар по американски град. Потоа е индицирано американскио знаме на позадината на гробишта. Кадрите се придружени со исполнување на државниот заслужен хор на Северна Кореја.

https://youtu.be/HEKDXrejLE8

 

Слични содржини