Трамп проговори за состојбата на Клинтон

од desk3

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп изрази надеж дека неговата главна опонентка, демократката Хилари Клинтон, која се разболе од пневмонија, ќе биде во ред во најскоро време, пренесоа светските агенции. Се надевам дека тоа ќе биде во ред и ќе ја обнови својата предизборна кампања и дека ќе се видиме на предизборната дебата, рече Трамп пред Fox News.

20150731-brhasqqaad

Претходно во понеделникот милијардерот изрази мислење дека здравствената состојба на кандидатите треба да биде прашање кое е оправдано да се дискутира за време на предизборната кампања, и соопшти дека неодамна бил на лекар. Тој вети наскоро да објави конкретни податоци во врска со прегледот.

Мислам дека резултатите ќе бидат добри. Се чувствувам одлично, рече Трамп.

Слични содржини