Трамп против одлуката на ОПЕК, поради зголемување на цената на нафтата

од desk2

 

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изрази незадоволство од ОПЕК поради одлуката да се намали производството на нафта што предизвика раст на цените.

„Тоа нема да биде толерирано“, вели Трамп, пренесе Ројтерс.

Последните две недели цената на нафтата на светскиот пазар расте.

„Изгледа ОПЕК повторно го прави тоа. Рекордни количини нафта има секаде, вклучително и полни танкери на море. Цените на нафтата вештачки се зголемуваат. Тоа не е добро и нема да биде прифатено“, напиша Трапм на Twitter.

Официјалните лица од Белата куќа не беа достапни за коментар за можните чекори кои администрацијата може да ги преземе против организацијата во која членуваат најголемите извозници на нафта во светот.

Во јуни закажан е нов состанок на членките на кој ќе се разгледа намаленото производство. Саудиска Арабија, која е водечки светски извозник, сака цената да расте и до 80 или 100 долари за барел.
U junu je zakazan novi sastanak članica na kojem će se razmotriti smanjena proizvodnja. Saudijska Arabija, koja je vodeći svjetski izvoznik, želi da cijena raste i do 80 ili 100 dolara za barel.

Слични содржини