Трамп со важна изјава за миграциската систем на САД

од desk2

Претседателот на САД Доналд Трамп вети дека миграцискиот систем на земјата нема да биде користен како алатка од меѓународните терористи, пренесе Voice of America.

За време на обраќање кон народот на САД Трамп изјави дека оваа недела ќе се сретне со Шерифите и полициски началници од целата земја и додаде дека тој и министерот за правда Џеф Сешнс ќе поддржат нивните напори да се борат против криминалот.

“Ние ќе продолжиме да се бориме, преземајќи неопходни и законски дејства за да спречиме терористите, радикалите и екстремистите од тоа да влегуваат во земјата”, изјави Трамп. Ние нема да дозволиме нашиот имиграциски систем да биде насочен против нас како инструмент на тероризмот “, додаде тој.
“Ние треба да преземеме мерки денес да бидеме безбедни утре”, заклучи претседателот на САД.

Слични содржини