Трамп удри по масата и се закани дека ќе испрати федералци во Чикаго!

од Vladimir Zorba

Целта е да се спречи крвопролевање во градот.


Претседателот на САД Доналд Трамп предупреди дека “е подготвен да ги испрати федералните агенти” а
ко Чикаго не успее да го намали бројот на убиствата, пренесоа американските медиуми. “Ако Чикаго не се соочи со ужасниот” масакр “, која продолжува – 228 престрелки во 2017 година со 42 убиства (24 отсто повеќе од 2016 година), ќе ги испратам федералците!”, напиша Трамп на Твитер.
Началникот на Чикашката полиција Еди Џонсон одговори дека “полициската станица на Чикаго е повеќе од подготвена да работи заедно со федералната влада врз основа на партнерството со Министерството за правда, ФБИ, ДЕА (Агенцијата за борба против дрогата) и АТФ (Бирото за контрола над алкохолот, тутунот и огнено оружје), за да го зголемиме бројот на наметнати во Чикаго казни за кривични дела поврзани со огнено оружје “.

Во понеделник градоначалникот на Чикаго Рам Емануел, кој е долготраен политички сојузник на претходниот претседател Барак Обама, изрази незадоволство од нивото на криминалот во Чикаго. На почетокот на месецов, пред да стапи на должност, Трамп напиша на Твитер дека Емануел треба да побара федерална помош ако не е способен да го намали нивото на убиствата. Минатата година бројот на убиствата скокна до 762 – најголем за градот од речиси две децении и повеќе од Њујорк и Лос Анџелес заедно. Т

Овогодинешните бројки, цитирани од Трамп, малку се разликуваат од податоците на Чикашката полиција, според која заклучно со вчерашниот датум 234 лица биле застрелани од почетокот на годината, од кои 38 починале, при 227 во 2016 година, од кои 33-ца се убиени .
Трамп не соопшти како точно сојузната влада може да мѕу помогне на Чикаго. На сајтот на Белата куќа пишува дека “земјата има потреба од повеќе полиција, повеќе посветеност на заедниците и поефикасна полициска работа”, забележуваат агенциите, цитирана од агенциите.

Слични содржини