Трамп вечера и призна на првата дама : Си поминав добро со неа, таа навистина е пријатна жена!

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп изгледа бил игнориран од првата дама на Јапонија на последната вечера на Г-20 во Хамбург претходно овој месец, соопштува Independent News Service.

Запрашан во интервју за “Њујорк тајмс” за втората средба со Владимир Путин на форумот, Трамп објасни дека Аки Абе (сопругата на премиерот на Јапонија ) “не зборувала англиски јазик”. Тој додаде дека било  тешко, бидејќи вечерата “најверојатно била час и 45 минути”.

Американскиот лидер рече дека Шинзо Абе е “голем човек” и додаде дека имало јапонски преведувач, бидејќи “од друга страна работите одеа посложено “. “Но, јас си поминав добро на вечерата со неа, таа навистина е пријатна жена, поминав добро, сè беше добро”, појасни тој.

Сепак госпоѓа Абе, која е од богато јапонско семејство, завршила Sacred Heart School – приватно меѓународно римокатоличко училиште во Токио, каде се изучува забрзан  англиски јазик. Во социјалните медиуми брзо беа објавени видеа со 55-годишната Абе  каде што говори со акцент, но со многу добар англиски јазик.

Слични содржини