Трамп веќе верува дека Обама е роден во САД

од desk3

Републиканскиот кандидат за Белата куќа Доналд Трамп, еден од лидерите на движењето што поставуваше под сомнение дали претседателот Барак Обама е американски државјанин, веќе верува дека Обама е роден во САД. Ова го објави во изјава предизборниот тим на Трамп, цитиран од агенциите.

e46739fa81fe57f448b01093f18ed105

Во интервју за весникот. “Вашингтон пост”, која беше објавена вчера, Трамп не одговори на прашањето дали смета дека Обама е роден на Хаваи. “Ќе одговорам на ова прашање во соодветно време. Само не сакам сеуште да одговорам”, рече тој.

Овие зборови на Трамп предизвикаа критики од кандидатката на демократите Хилари Клинтон, која рече на средбата со лидерите на шпанско јазичната заедница дека е зачудена од неговиот одговор. “Тој не побара да го изговори зборот Хаваи. Тој не побара да го изговори зборот Америка. Зарем овој човек сака да стане нашиот следен претседател? Кога ќе престане со овие грди работи со овој фанатизам?”, праша Хилари Клинтон.

Откако беше избран за претседател, Барак Обама – првиот Афроамериканец, кој влегол во Белата куќа, го објави сертификатот за раѓање, за да одговори на оние кои тврдеа дека не е роден во САД и затоа не може да биде избран за претседател, потсетува Ројтерс.

“Во 2011 година г-дин Трамп успеа да стави крај на овој непријатен инцидент, и успешно го принуди претседателот Обама да го објави сертификатот за раѓање”, се вели во изјавата на советникот на републиканскиот кандидат за односи со јавноста Џејсон Милер. “Откако успеа да го добие сертификатот на претседателот Обама, додека други не успеаја, г-дин Трамп веќе верува дека претседателот Обама е роден во САД”, гласи изјавата на Милер, цитирана од агенциите.

Слични содржини