Трамп: Верувам дека кинескиот претседател врши притисок врз Северна Кореја

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти кинескиот колега Си Џинпинг врши притисок врз Северна Кореја поради нејзината ракетна и нуклеарна програма.

Трамп во интервју за Си-Би-Ес, кое ќе биде денеска емитувано, истакна дека тој ни би бил среќен, како ни Џинпинг, кога Северна Кореја би извршила нуклеарна проба.

На прашањето дали тоа значи преземање воена акција, американскиот претседател одговорил: „Не знам. Ќе видиме“.

Јужнокорејската морнарица вчера соопшти дека започнала заедничка воена вежба со американската флота, во која учествува и супер-носачот на авиони „Карл Винсон“, кој САД го испратија во регионот по зголемените закани од севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара во Советот за безбедност на ОН воведување на нови санкции против Пјонгјанг./a1on

Слични содржини