Трамп: За 90 дена ќе има извештај за хакерските напади против САД во кампањата за претседателските избори

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска вети дека „неговите луѓе“ за 90 дена ќе објават целосен извештај за хакерските напади против САД во кампањата за претседателските избори од ноември, пренесе ДПА.

Во пост на Твитер Трамп не прецизираше на кого ќе му го довери изготвувањето на документот.

Трамп повторно изјави дека „фалсификуваните обвиненија“ против него биле исфабрикувани од опонентите, „како демократи, така и републиканци“, пренесоа британските медиуми.

Недокажаните тврдења дека Русија располага со компромитирачки материјали за мене, веројатно беа распространети од „разузнавачките агенции“, напиша Трамп на Твитер.

Директорот на американското национално разузнавање Џејмс Клапар вчера изјави дека информациите во медиумите не протекле од американски разузнавачки агенции, забележаа британските медиуми.

-Нашите служби не се изјасниле дали информацијата е точна, прециизра Клапер.

Сомненијата дека Русија извршила хакерски напади за да му помогне на Трамп да победи на претседателските избори во САД, се одделени од недокажаните тврдења дека таа располага со компромитирачки материјали за него,забележа ДПА.

Милијардерот, кој беше избран за претседател како кандидат на републиканците, изјави дека на неговата соперничка од Демократската партија, Хилари Клинтон, воопшто не требало да и биде дозволено да учестува во изборите, имајќи ја предвид информацијата која за неа ја имало Федералното биро за истраги (ФБИ), пренесе ТАСС.

Слични содржини