Трамп за Северна Кореја: Подготвени сме за воена опција, но не ја претпочитаме

од Vladimir Zorba

  Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека САД се подготвени за воена опција, кога станува збор за нуклеарната криза со Северна Кореја, иако не го претпочита таквиот приод.

– Целосно сме подготвени за другата (воена) опција, но тоа не е опцијата која ја преферираме, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Тој истакна дека доколку САД, сепак, ја преземат таа опција, таа ќе биде „катастрофална“.

– Тоа можам да ви кажам, катастрофална за Северна Кореја. Тоа се вика воена опција. Ако мораме да ја преземеме, ќе го направиме тоа, изјави американскиот претседател

Северна Кореја отсече : Трамп ни објави војна! Ние ќе употребуваме контрамерки

 

Слични содржини