Во Велика Британија 27-годишен транссексуален Англичанец планира да стане татко и мајка на дете, објави  “Сан”.20151003.sqgbqrpaim

Феј Пердам го сменил полот и станал жена, кога имал 21 година. За зачнување на детето ќе биде користена замрзнатата сперма земена кога уште бил маж. Сега транссексуалниот Британец бара сурогат мајка, која ќе обезбеди јајце клетката и ќе го носи бебето.

За таа цел ќе ѝ бидат исплатени 100 000 фунти. “Пред да дознаам дека сакам да станам жена, знаев дека сакам да сум мајка”, вели Пердам.

Ако успее да  најде сурогат мајка, Пердам ќе е не само биолошки татко, но и мајка на бебето. Пердам планира наскоро да склучи брак со нејзиното момче од детските години Крис Дод, кој ќе ја игра улогата на таткото во идното семејство.

Слични содржини