„Трансформативната сила на стареењето на населението“ – Денеска меѓународен ден на старите лица

од Vladimir Zorba

 

Стареењето на населението – еден од најзначајните трендови на 21-иот век – истовремено претставува и повод за славење, и предизвик. Потребни се дополнителни напори за минимализирање на животната нееднаквост и за подобрување на условите за живот на старите лица, со цел да се обезбеди поголема благосостојба при ваквата демографска промена.“startsi

 

1 Октомври е Меѓународен ден на старите лица, а по тој повод ви ја пренесуваме изјавата на Извршниот директор на Фондот за население на Обединетите Нации Др. Бабатунде Осотимехин. Основната тема на пораката оваа година е насловена како – „Трансформативната сила на стареењето на населението“  

 

Во  ја пренесуваме изјавата во целост:

Стареењето на населението – еден од најзначајните трендови на 21-иот век – истовремено претставува и повод за славење, и предизвик. Потребни се дополнителни напори за минимализирање на животната нееднаквост и за подобрување на условите за живот на старите лица, со цел да се обезбеди поголема благосостојба при ваквата демографска промена.

babatunde_175x200-1Во 2015 година, бројот на лица на возраст од 60 и повеќе години изнесуваше 12,3 отсто од светската популација, а до 2050 година, тој број ќе порасне на речиси 22 проценти. Се очекува поголемиот дел од проектираниот раст на старото население да се случи во земјите во развој. Азија е дом на повеќе од половина од 901 милион стари лица во светот, со 508 милиони луѓе на возраст од 60 или повеќе години. Уште 177 милиони стари лица живеат во Европа, 75 милиони во Северна Америка, 71 милион во Латинска Америка и на Карибите, 64 милиони во Африка и 6 милиони во Океанија.

Во некои земји, стареењето на населението може да доведе до сразмерно помала работна сила. Но, дали тоа ќе се случи и ќе влијае врз економијата, ќе зависи од многу неизвесни фактори, вклучувајќи ги и мерките за зголемување на старосната граница за пензионирање, за миграцијата, и конечно, мерките за продуктивност на луѓето и машините.

Стареењето на населението потенцијално може да биде општествено негативна сила, бидејќи социјалната нееднаквост има тенденција да расте во староста. На пример, старите мажи во просек добиваат 68 проценти повисок приход од жените поради подолгиот формален работен стаж и повисоките плати во животот. Ова е особено значајно, бидејќи старото население претежно се состои од жени.

Ние во УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации, сосема се согласуваме со темата на овогодинешниот Меѓународен ден на старите лица – „Да заземеме став против дискриминацијата поради старост“. Ние веруваме дека намалувањето на животната нееднаквост и прифаќањето на придонесот на старите лица нудат огромни можности за развој.

Ваквите напори започнуваат во раното детство, со безбедно раѓање, а продолжуваат со правилна исхрана во детството и одлични училишта. Со нив треба да се обезбедат универзални права на сексуално и репродуктивно здравје, гарантирање на родовата еднаквост, социјална заштита и сигурност на приходите за сите стари лица, како и пренесување на богатството на помладите генерации.

Дискриминацијата и предрасудите кон старителица на работното место може да станат причина за загриженост во земјите каде долгиот животен век и доброто здравје ги охрабруваат старите лица да продолжат да работат, особено ако невработеноста кај младите е висока. Можеби општествата треба да ги променат очекувањата за природната возраст на пензионирање, или за јавните и приватните улоги на старите лица, бидејќи тие стануваат сè поактивни.

Населението што старее се потпира врз различни извори на финансиска поддршка – почнувајќи од приходот остварен преку работа и имот, па сè до семејството и јавните програми. Ова значи дека земјите што стареат ќе треба да негуваат меѓугенерациски дијалог и да воспостават политики со кои се промовира меѓусебно разбирање и јакнење на младите и старите за меѓусебна поддршка.

УНФПА продолжува да им помага на земјите да одговорат на можностите и предизвиците на стареењето на населението преку промовирање политички дијалог и обука за поддршка, истражување и собирање податоци расчленети според род и возраст. Во моментов ги ревидираме 15-те години напредок во насока на спроведување на Мадридскиот меѓународен план за акција околу стареењето и поддржување на размената на научените лекции за здраво стареење и профитирање од втората демографска дивиденда на попродуктивно и попросперитетно постаро население.

Стареењето на населението е трансформативна сила во секоја земја, со која ќе се тестира постојната структура на економијата, домаќинствата и општеството. Ајде да соработуваме за да обезбедиме сите луѓе да стареат достоинствено и да уживаат во живот на придонес, интеграција и благосостојба

Слични содржини