Транспаренси Интернешнел Македонија изразува длабока разочараност поради Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија да го прогласи за противуставен и да го укине Законот за измени и дополнувања на Законот за помилување (Сл.Весник на РМ бр.12 од 28.01.2009 година), со што на Претседателот на Република Македонија му се дава надлежност да помилува лица кои се гонети или осудени за кривични дела на корупција при гласање и избори.

slagjana taseva

Транспаренси Интернешнел Македонија повторно нагласува дека овој чин е во спротивност со препораките и принципите на ГРЕКО (Група на земји против корупцијата), според кои Република Македонија како земја-членка презела обврска да обезбеди механизми за казнување на сторителите на кривични дела поврзани со корупција и да не дозволи простор сторителите да ги избегнат казните за она што го сториле. Истиот е во спротивност и со препораките на експертската група предводена од Рајнхард Прибе, во кои беше наведено дека Република Македонија се соочува со сериозни проблеми на ова поле.

Транспаренси Интернешнел Македонија ги повикува институциите да ја засилат борбата против корупцијата, а со писмо се обрати до Претседателот на Република Македонија со барање да се воздржи од правото да помилува лица гонети или осудени за некое од овие кривични дела и со тоа да се избегне нанесување на ненадоместлива штета на борбата против корупцијата и довербата на граѓаните во институциите.

Слични содржини