Трансплантацијата на матката го покренува прашањето за унисекс бременост

од Vladimir Zorba

 

Кликс – Сараево

Во Шведска неодамна е објавено дека од 2014 година до денес се родени шест здрави деца кои на свет дошле по зачнување и бременост во трансплантирана матка. Тоа се единствени успешни обиди на светот за сега, но на глобално ниво ќе дојде до имитирање на шведскиот успех, пишуваат медиумите.

Клинички обиди за трансплантација на матка се во тек во Северна Америка, Европа и Азија. Основната цел на овој зафат е да се врати плодноста кај женските пациенти, кои главно функционална матка немаат поради лечење од рак и вродени недостатоци.

Пред ваквиот успешен начин, жена која нема функционална матка може генетски да стане мајка единствено преку мајка-сурогат.

Но, ако жените можат да добијат туѓа матка, некои се прашуваат дали можат да ја добијат и трансродни жени, или уште поконтроверзно, мажи?

Научник кој бил директор на медицинскиот тим во Шведска Матс Бранстром вели дека инбоксот му е преплавен. „Добивам меилови од цел свет за тоа, има и геј мажи кои би сакале еден од нив да биде бремен” – рече тој.

Иако во теоријата трансплантацијата на матка на трансродни жени и цисродни мажи би била и можна, во пракса постојат анатомски пречки кои треба да се совладаат.

Во Обединетото Кралство Законот за признавање на полот од 2004 година, на трансродните жени кои го промениле полот дава исти права како и на сите жени.

Меѓутоа, во случај трансплантацијата на матката да стане клинички третман во Обединетото Кралство за жени кои не можат да бидат бремени, можат ли трансродните жени да бараат, повикувајќи се на тој закон, свое право на матка, се прашува Индепендент.

Иако на островот се спроведоа жестоки дебати за машка бременост, дури и трансплантацијата на матката во машко тело да стане научно изводливо, единствен начин маж да биде бремен е вештачки оплоден ембрион да се вметне во утробата, како што утврдиле.

Во Обединетото Кралство пак помогнатата бременост кај мажи не спаѓа во законски пропишана понуда која клиниките за плодност можат да ја нудат. Така всадувањето на ембрион во машко тело, а без тие потребни дозволи, би довело до парични и затворски казни.

Да потсетиме дека речиси 40 години поминаа од раѓањето на Луис Браун, која беше прво дете од епрувета и дека и нејзиното раѓање покрена многу правни и етички расправи. Бидејќи трансплантацијата на матката научната фантастика ја помести во научна реалност, јасно е дека репродуктивната наука оди во непозната територија каде на тест се основните правни и етички принципи, како правата на пронаталитетна слобода како и правото на приватен и семеен живот, дали тие права носат во себе право на бременост? Исто така, тие права го опфаќаат и прашањето на унисекс бременост, коментираат медиумите.

Слични содржини