Транссексуален модел сака да биде ангел на „Викторијас сикрет“

од Vladimir Zorba

Моделот Лејна Блум сака да стане првиот транссексуален модел на „Викторијас сикрет“.

Младата Американка сама објасни дека таа се обидува да стане првиот ангел на компнаијата, кој прво бил маж и има поинаква боја на кожата, во пост на Твитер.

Твитот има повеќе од 100.000 допаѓања.

Американката неодамна се жалеше дека на кастинзите за шоуто на брендот на долна облека, кој се прослави со најубавите тела на нејзините модели, главно има бели девојки.

Сонот за 27-годишна убавица отсекогаш бил да се најде на подиумот на шоуто на брендот. Блум вели дека отсекогаш се чувствувала добро во нејзината кожа и мисли дека да се биде различен е добра работа.

Минатата година Лејна Блум беше првиот темнокожен транссексуален модел на насловната страница на „Vogue India“.

Тоа е модел веќе 4 години. Учествувала и на Модната недела во Њујорк.

Слични содржини