Трендафилова од денес е шеф на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

од Vladimir Zorba

Бугарката Екатерина Трендафилова, која беше избрана меѓу 148 кандидати за претседател на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, официјално ја започна работата со формирање на тим кој ќе ги разгледува злосторствата на „Ослободителната војска на Косово“, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.

– Назначувањето на судиите кои ќе ги разгледуваат конкретните дела е следната активност со што ќе го преземе Специјалниот суд – изјави претставникот на судот Авис Бенеш.

Тој истакна дека во моментов приоритет на Трендафилова е да се подготви за пленарна седница на сите новоназначени судии.

Се очекува првите обвиненија да бидат покренати до средината на оваа година, пишува „Зери“.

Специјалниот суд за Косово е новосоздадена институција со седиште во Хаг и во него ќе се разгледуваат сите злосторства извршени од страна на „Ослободителната војска на Косово“ направени врз мирот и човештвото, како и воените злосторства.

Слични содржини