Сезонските предлози за пролет-лето 2015 година се отворија со исклучителен спектар на бои.1c1e322d27c2fee5520ce85b596247fe

Трендот на метални детали и акценти прерасна во вистинска церемонија на одблесокот, поставени како ефект врз неонски нијанси.

Убавата комбинација ги дополнува особено добро летните рамни сандали. Врзувањето на ленти околу нозе внесува вистинско расположение дури и во монохроматските комбинации.

Потчинет на актуелната тренд, Álvaro González ја претставува новата колекција составена од тенки, минималистички сандали во металик бои.

Предлозите се јавуваат како своевидна лекција по италијанско мајсторство и докажување на талент.

Познатиот поранешен креативен директор на додатоците на Valentino се придржува кон рачната изработка, а богатата палета на бои содржи импресивни комбинации меѓу тиркизно-сино, зелена, виолетова, портокалова, златно-жолто и нјуд.

Покрај неприкосновената убавина и квалитет на колекцијата, можеме безбедно да се инспирираме од неа и да го следиме трендот за метален отсјај во летните додатоци како во чевли, така и во чанти и очила за сонце.