Трет ден од бојкотот на наставата во средните училишта. Средношколците се жалат на притисоци и закани.

timthumb

Утрово состојбата била напната во неколку гимназии меѓу кои Раде Јовчевски Корчагин и Ѓорги Димитров од каде учениците се пожалија дека им биле затворени вратите од страна на директорите и им било оневозможено да влезат во холот на училиштето.

Средношколците посочуваат дека се заклучени во училиштата во кои обезбедувањето не им дозволува пристап на новинарите до средношколците и до директорите. Според информациите на средношколскиот пленуме, во ГУЦ „Здравко Цветковски“ од Скопје, учениците вчера биле заклучени, но од надворешна страна и не им било дозволено да влезат во училиштето доколку не одат на настава. Затоа учениците вчера останале во дворот. Потоа училиштето го посетила и инспекција.
Од вчера вонредни родителски состаноци има во сите училишта каде што се бојкотира наставата. Родителите во најголем број ги поддржуваат своите деца, но и тие се пожалија на притисоци.

И учениците од тетовската гимназија утрово започнаа бојкот на наставата, пренесе порталот Младите.мк.

Тие целосно ја блокираа наставата, но се присутни во училиштето. Според дел од учениците бојкотот стапува на сила поради незадоволството од неквалитетните реформи во образованието кои се на штета на учениците.

„Денеска започнавме бојкот на наставата и нема да се откажеме од нашите барања. Не сакаме ние да бидеме експеримент, но сакаме квалитет на нашето образовение. Ние првенствено сакаме подобри услови за учење во нашето училиште, а не да бидеме експеримент каде што преку нас ќе се испробуваат нови мерки и промени кои не се соодветни за нас како ученици“, велат дел од учениците од тетовската гимназија за Младите.мк.

 

Слични содржини