Граѓаните на Куманово организирани од „Протестирам“, трет ден по ред излегоа на мирен протест против одлуката за аболиција на политичари од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Протестот почна пред зградата на Основниот суд, од каде граѓаните се упатија кон центарот на градот.

protest-kumanovo

На демонстрантите по пат им се придружуваат минувачи.

Протестот против одлуката за аболиција, како што е планирано, ќе заврши од каде што почна, односно пред зградата на судот.

Протестот во Куманово се одвива во мирна атмосфера, а го обезбедуваат полициски сили кои ја следат колоната демонстранти.

 

МЕТА

Слични содржини