“Трета рунда”: Се опорави- Јанева и денеска ќе одговара на пратениците

од desk3

Иако вчера и се влоѓи здравстевната состојба, специјалната јавна обвинителка денеска се појави пред пратениците од собраниската комисија за политички систем, на чиј дневен ред се извештаите на Специјалното јавно обвинителство и на Државното јавно обвинителство. По неа се појави и обвинителот Марко Зврлевски.

janeva-zvrlevski

Синоќа расправата на Комисијата беше прекината откако специјалната јавна обвинителка поради, како што објасни, влошена здравствена состојба замина од седницата.

– Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата, вели Јанева во пишаната изјава до медиумите.

Во меѓувреме, како што информираа од СЈО, побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.

Во текот на изминатите два дена, Јанева одговараше на прашања на пратениците.

Слични содржини