Тревога од високо ниво: Безбедноста на Балканот е загрозена ако не се …

од desk3

Седум централноевропски држави ја повикаа ЕУ да го забрза влезот на западнобалканските земји кон Унијата, предупредувајќи дека ако Западен Балкан не бидат интегрирани, тоа може да се претвори во сериозна закана за безбедноста на целиот регион, информира Ројтерс.

Министрите за надворешни работи и нивните заменици на земјите од Вишеградската четворка – Унгарија, Словачка, Полска и Чешка, како и на Австрија, Словенија и Хрватска, се состанаа во Будимпешта, за да разговараат за различни теми, вклучувајќи ја и миграцијата и ситуацијата на Западен Балкан и во Украина.

“Ако не ги забрзаме европските интеграциски процеси (на Западен Балкан) … ќе треба да се соочиме со сериозни предизвици за безбедноста во целиот централноевропски регион”, предупреди унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сиарто на прес-конференција.

Тој додаде дека ЕУ треба да ги забрза преговорите со Црна Гора и Србија за членство во ЕУ и да започне разговори со другите земји на Западен Балкан.

Албанија и Македонија се кандидати, но сеуште не започнале претпристапни преговори, додека Босна и Косово се уште не добиле статус на кандидати, иако се надеваат дека еден ден ќе се приклучат на ЕУ.

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Еравец истакна дека земјите на Западен Балкан треба да добијат помош при спроведувањето на реформите потребни за да се квалификуваат за еврочленство. “Ситуацијата на Западен Балкан е прилично мрачна, не е стабилна, и … потребно е да се обезбеди да има дијалог за зајакнување на стабилноста во овој регион”, рече тој.

Остануваат високи тензиите меѓу Србија и Косово, додека Македонија и Босна се соочуваат со етнички тензии. Русија, која се обидува да ги  искористи историските врски со регионот, за да ја оспорува интервенцијата на ЕУ и САД, се противи на пристапувањето на балканските држави кон ЕУ и НАТО.

На самитот на ЕУ претходно оваа година евролидерите изјавија дека повеќе балкански држави можат да се приклучат кон ЕУ, ако продолжат по патот на економските и демократските реформи.

Слични содржини