Грчките власти  ја почнаа планираната евакуација на мигранти и бегалци од импровизираниот камп крај грчкото село Идомени,  кое се наоѓа на границата со Македонија.Кампот, кој брои 8,5 илјади  души, беше создаден  откако балканските држави ги затворија границите за илегална миграција во средината на февруари.

идом

Тие неколку пати се обидуваа  на сила да ја преминат границата со соседна Македонија. Евакуацијата ќе се случува  во рок од три дена. Властите планираат да ги пренесат луѓето во местата за сместување на мигранти во околината на градот Солун, каде што тие можат да побараат медицинска помош и да стапат во контакт со организации кои се занимаваат со проблемите на бегалците.

Во изминатите две недели 2,5 илјади лица го напуштиле кампот, откако локалните  жителите вршат притисок  да ги исселат. Полицајци од Атина  се испратени на местото од порано, за да се избегнат судири. Полицајците ќе мора да го огради кампот и да започнат  евакуација. Иако мизерни услови во кои живеат, повеќето бегалци одбиваат да го напуштат кампот. По поројните и продолжени дождови во северна Грција ситуацијата во импровизираниот бегалски центар е уште комплицирана.

идомени1Репортажи на грчките телевизиски канали укажуваат  на поплавените шатори на барателите на азил, кои одбиваат да го  напуштат кампот со надеж за отворање на границата со соседна Македонија. Грчките медиуми неодамна соопштија дека во кампот има проституција и ширење на дрога и криминални активности.

Слични содржини