Тргнат е првиот споменик на Скопје 2014- Ќосето го спакуваа во камион!

од Vladimir Zorba
  Ноќеска е тргнат првиот споменик  од СКОПЈЕ 2014.
 

Како што  се криеја кога беа поставувани спомениците од проектот „Скопје 2014″, под закрилата на ноќта, така ноќеска зад превезот на темницата ,  пред скопските судови , беше  отстранет споменикот   на Ќосето и однесен во магацините на Металскиот завод Тито.

Работниците рекоа дека налогот за оваа операција бил издаден од инспекторатот на град Скопје.

За денеска веројатно по настанот  од Градот Скопје, ќе организираат прес конференција , ако веќе  немаа храброст транспарентно да го најават тргањето на споменикот.

 Споменикот на Андон Јанев-Ќосето беше поставен пред Врховниот суд во 2014 година како донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин за град Скопје. Ова здружение донираше уште четири споменици.

На 3 ноември 2017 ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека сѐ што СДСМ ќе сруши и уништи од она што е создадено, веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било и ќе биде покрената одговорност за секој кој сега ќе учествува во разни рушења, уништување или преместувања и слично.

Видео од отстранувањето на споменикот на Ќосето пред Врховниот суд

 

 

фото Фејсбук

Слични содржини