Три дена до крајот на изборната кампања

од Vladimir Zorba

 

 На три дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров и во Куманово, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во скопските општини Шуто Оризари и Чаир.

Изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ќе ја посети општина Карпош, каде ќе има средба со граѓани, а попладне ќе одржи митинг во општина Кисела Вода.

Демократската партија на Албанците ќе има митинг во Струга.

Коалицијата Алијанса за Албанците, според нивната изборна агенда, ќе одржи митинг во Гостивар.

Пред граѓаните во текот на денот ќе биде претставена изборната програма и од страна на носителите на кандидатски листи за пратеници.

Слични содржини