Три мали бели ковчези закопани во ист гроб, Војводина плачеше за жртвите на пожар

од desk2

Кога тажната поворка со телата на Николина (4), Никола (2) и осуммесечната Исидора, тргна од капелата кон селските гробишта во селото Вајска, во Србија, и небото проплака, а никој во поворката не можеше да ги сопре солзите, пишуваат денеска српските медиуми.


Трите деца загинаа во пожар во нивната куќа, а како што покажа обдукцијата тие се задушиле со јаглен моноксид.
Дождот ги квасел лицата на мајката Марија Стефановиќ, таткото Зоран Рамадан, роднините, пријателсите, соседите кои дошле на испраќање на вечна почивка на трите мали дечиња.

Тагата и солзите поради големата трагедија никоја не можел да ги скрие. Плачеле и малди и стари, проколнувајќи ја судбината што трите дечиња ги откина од прегратките на своите родители во еден ден.

Родителите не можеа да ги спасат малите деца од огот што изби во нивната куќа, додека мајката била во дворот, а таткото бил на работа.

Во големиот селски двор додека мајката го забележала пожарот веќе било доцна. Дошле и соседи роднини, кои се обиделе да влезат во куќата, но огнот бил пресилен.

Слични содржини