Три намирници кои никогаш не треба да ги миете и 5 кои морате

од desk2

Иако од мали нозе не учат дека сета храна мора добро да ја измиеме пред јадење или готвење, не е секогаш така. Некои продукти не треба да се мијат, а некои мора.

Овие 3 продукти не треба да ги миете никогаш:

Јајца

Лушпата од јајцето често содржи посебен заштитен слој со кој јајцето се заштитува од бактерии. Водата ја уништува таа обвивка.

Тестенини

Врвните готвачи велат дека миењето на тестенините треба да биде противзаконско затоа што на тој начин се измива скробот кој подоцна е неопходен за соединување со сосот за нив. Варените тестенини може да се стават во вода само ако се предвидени за салата или вок.

Печурки

Печурките добро апсорбираат вода, па не е добра идеја да се мијат, или да се потопуваат во вода – ќе изгубат на еластичност и ќе станат подложни на расипување.

Ако се навистина валкани брзо поминете ги под вода и избришете ги со хартија. Инаку, земјата од печурките се отстранува со четка.

Овие 5 продукти мора секогаш да ги миете:

Овошје и зеленчук со кора што се јаде

Иако наизглед чисто и сјајно, тоа не значи дека овошјето и зеленчукот не треба добро да се измие со студена вода. Не користете сапун, а намирниците добро пребришете ги со хартија.

Овошје и зеленчук со кора која се лупи

Иако ќе ја излупите, бактериите од кората ќе преминат на вашите раце па на делот што се јаде. Затоа треба добро да се измијат бананите, мандарините, дињите.

Лименки и конзерви

Иако звучи чудно се препорачува миење на конзервите пред отворање и истресување на храната или пијалокот од нив. Велат дека на нив може да има многу бактерии кои по отворањето може да се најдат во храната која ја јадеме.

Оревести плодови

Тие се мијат и кога се излупени затоа што не се знае каде се чувани за време на производството и транспортот. Освен тоа, со миењето се отстранува и фитинската киселина која ги одржува свежи но е штетна за човекот.

Сувото овошје

Ова овошје се смета за најнечисто, особено ако не е пакувано и се продаваат рефус. Треба добро да се измие под млаз вода или дури и да се потопи под вода неколку часа.

Месото може да го миете, но и не морате

Бактериите на свежото место може да бидат опасни по здравјето, а најчеста е салмонелата. Многу луѓе поради тоа го мијат месото. Останатите никогаш не го прават тоа заради теоријата дека со миењето се ризикува размножување на бактериите кои остануваат на рацете, на работните површини во кујната.

Стручњаците не можат да се договорат што е точно, па одлучете сами. Секако добро измијте ги вашите раце откако сте фаќале месо.

Слични содржини