Три ново заболени лица од ХИВ има регистрирано Центарот за јавно здравје во Прилеп. Две лица се регистирани во 2014 година, а едно во текот на годината.

hiv-sida

Сите се од машки пол и се на возраст од 20 до 29 години информира д-р Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје.

Тестирањето на ХИВ треба да биде дел од одговорното однесување на секој поединец, бидејќи со откривањето на ХИВ инфекцијата и лекувањето се намалува можноста за трансмисија на други. Токму затоа од први декмври започнува иницијатива за подигнување на свеста кај младите и ризичните групи за личната, фамилијарната и општествената важност при инфицирање од ХИВ – вирусот и заболување од Хепатит Б и Ц. Наредниов период ќе ги посетиме сите средни училишта и повеќето институции каде имаат контакт ризичните групи, ќе оствариме контакт со што повеќе млади лица, за да ги запознаеме со начините на пренесување, симптомите, начинот на заштита, ризик факторите и епидемиолошките последици од овие болести – вели доктор Ингилизов.

Инаку, во Прилеп од 1987 година до денес вкупно се регистрирани 11 случаи на ХИВ – СИДА, од кои поголемиот дел се починати. После подолг период, по 10 години се појавуваат новите три случаи.

Слични содржини