(ВИДЕО) Три последователни земјотреси регистрирани во Централна Италија

од Vladimir Zorba

Три последователни земјотреси утрово го потресоа централниот дел на Италија, вклучувајќи го и главниот град на земјата, Рим, јавуваат светските агенции.

Последниот од земјотресите, според информациите на агенциите, бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

„Раша тудеј“ јавува дека во тек била евакуација на метро-станиците во Рим.

Засега нема информации за евентуални жртви и за предзвикана материјална штета./Мета

Слични содржини