По “Ирма” и “Харви” доаѓа ураганот “Марија”

од desk3

Карибите, кои веќе страдаат од ураганите “Ирма” и “Харви”, се подготвуваат за нов удар – овој пат од новиот ураган “Марија”, чија категорија на силата беше зголемена до првата. “Марија”, која досега беше тропска бура, се очекува да помине речиси во истиот пат низ кој помина и “Ирма” во Карибите, i прво ќе удри na островите Лииуард, пишува “Дејли Меил”. Се очекува стихијата да продолжи да добива на сила, додека не удри на Порторико. Потоа, ураганот се очекува да биде во трета категорија. Во меѓувреме ураганот Хозе,  ќе продолжи да се засилува, додека се движи кон источното крајбрежје на САД – од Вирџинија нагоре. Во меѓувреме тропската депресија Ли продолжува да беснеат во Атлантикот. Моќта на “Марија” беше зголемена до прва категорија во неделата попладне, додека се наоѓаше на околу 200 километри од источниот брег на Барбадос.  Брзината на ветровити достигнаа 130 километри на час. Брзината на движење  беше околу 23 километри. Силните ветришта и поројните дождови се очекува да погодат делови од Лејвордските Острови во наредните денови. Помеѓу 15 и 30 сантиметри дожд се очекува да се истурат на островите кои ги вклучуваат Порторико и Британските Девствени Острови. Загрожени се во Гвадалупе, Доминика, Сент Китс, Невис, Монтсеррат. Во меѓувреме, Мартиник, Антигва и Барбуда, Саба, Свети Евстатиј и Света Луција се подготвуваат за тропските бури. Предупредувањата од Ураганот традиционално се објавуваат  48 часа пред да стигне бурата.

Слични содржини