Тридневна диета со праски

од Vladimir Zorba

Летото е сезона, во која преферираме да го прочистуваме организмот. Може да јадеме во изобилство свежо овошје и зеленчук, кои ни помагаат за детоксикацијата на телото, но и да го намалиме вишокот килограми. Меѓу плодовите кои сакаме да ги јадеме се сочните праски.
Знаете ли дека праските се совршениот појадок за слабеење? Еден плод содржи околу 50 калории, но многу витамини, минерали и нема маснотии. Исто така праските се богати со фитохемикалии наречени феноли кои се моќни антиоксиданси и докажано се борат со дебелината и кардиоваскуларните заболувања.

Редовното консумирање на летните плодови ја одржува кожата здрава и убава благодарение на витамините А и Ц. Исто така честата конзумација на праски може да го намали нивото на стрес во организмот. Еден од најдобрите начини да го пречистите организмот од вишокот течности е ако консумирате праски. Тие делуваат како природен диуретик.

И не на последно место, праските се моќен афродизијак и се погодни за вашата исхрана.

Споделуваме тридневен прехрамбен план, по кој, ако се чувствувате добро, може и да го продолжите.
Важно е додека го почитувате режимот да пиете многу вода и да не ги засладувате пијалаците со шеќер и вештачки засладувачи. Снимете си ја диетата. Менито во неа е едно и исто за трите дена.

појадок
1 чаша кафе или чај засладени со мед
1 праска
кофичка кисело млеко

Појадок пред ручекот
10 парчиња сурови бадеми

ручек
Пилешко месо на скара
1 праска

ужина
1 чаша јогурт

вечера
2 варени јајца
1 праска
1 чаша јогурт

Слични содржини