Тринаесет браќа и сестри пронајдени врзани во куќа во Калифорнија

од desk4

Тринаесет браќа и сестри, на возраст меѓу две и 29 години, се пронајдени врзани и гладни во куќа во калифорнискиот град Перис, што се наоѓа на 100 километри источно од Лос Анџелес.

Нивните родители се уапсени и обвинети за загрозување на здравјето и животот на децата, соопшти локалната полиција.

Калифорнија браќа и сестри Целиот случај е обелоденет кога една од сестрите, на возраст од 17 години, успеала да побегне од куќата и да се јави во полиција.

Таа посочила дека нејзините 12 браќа и сестри се затворени во куќата од страна на родителите.  Полицијата се упатила кон куќата на Дејвид и Луиз Торпин и таму ги пронашла децата врзани и гладни во темна просторија со неподнослива миризба.

Децата се однесени на лекување. Службата за заштита на деца започна истрага за случајот.

Слични содржини