Трипл-дабл на Хардн не помогна на Хјустон против Голден Стејт

од Vladimir Zorba

Тимот на Хјустон Рокетс претрпе  пораз од Голден Стејт воини со 106: 113 во дуелот од Националната кошаркарска асоцијација.

“Воини”ja  контролираа играта цело време и во текот на натпреварот предноста им достигна 22 поени, додека “ракетите” ниту еднаш не успеаја да поведат во резултатот. На домаќините не им стигна трипл-дабл на Џејмс Хардн – 24 поени, 13 асистенции и 11 скока.

За Голден Стејт, кој ja забележа осмата последователна победа, најпрецизен стана Стеф Кари со 32 поени и 10 скока. Атланта Хокс пак ја прекина серијата од седум последователни порази, откако се наметнa  над Феникс Снс со 95:91 дома. “Сонце”  g загубија деветти последователен натпревар и се на претпоследното место во Западната конференција.

Други резултати:

Индијана Пејсерс – Минесота Тимбруулвс 114: 115

Шарлот Хорнетс – Милвоки 108: 118

Детроит Пистонс – Мајами Хит 96:97

Бруклин Нетс – Филаделфија Севнти Сиксрс 101: 106

Лос Анџелес Лејкерс – Вашингтон Визардс 108: 119

Портланд Треј блејзери – Денвер 122: 113.

Слични содржини