Триполи ќе ги истражи информациите за трговија со робови во Либија

од desk2

Либискиот вицепремиер Ахмед Маитек денеска наведе дека е започната истрага за случаите за трговија со робови, кои минатата недела беа прикажани во шокантниот документарен филм на Си-Ен-Ен.

По објавувањето на филмот „Нови случаи на трговија со робови во предградијата на Триполи“, Маитек на неговиот Фејсбук профил напиша дека ќе биде спроведена истрага и дека виновниците ќе бидат фатени и осудени.

Пред одредено време во документарен филм на Си-Ен-Ен беше прикажано како мигранти се продаваат на пазар во Либија, што предизвика остри реакции од страна на земјите во Афика и ОН./МИА

Слични содржини