Трите главни причини за недостаток на секс

од Vladimir Zorba

Многу парови доживуваат недостаток на сексуална желба. Лошото е дека повеќето луѓе го поврзуваат со недостаток на љубов, разбирање или пак присуство на неверство од страна на едниот партнер.
Со текот на времето односите се влошуваат поради сомнежи, несигурност, напнатост. Според истражувањата, сепак постојат три главни причини за недостаток на желба за секс и тие се далеку поедноставни отколку што мислите. Кои се тие?

Исцрпеност
Исцрпеноста нè демне секој ден. Секојдневниот живот е натоварен со работа, обврски, задачи, одгледување на деца, размислување за иднината и обезбедување на финансиска инфраструктура. Просечниот човек работи до крајни граници, по што навечер се прибира и првото нешто нешто што искрено сака да го направи е да легне на каучот и да се одмора. Сексот дефинитивно не е првото нешто на кое ќе се сетите по исцрпувачки ден.

Стрес
Стресот се акумулира и влијае на желбата за секс кај мажите така и кај жените. Кај жените дури понекогаш влијае уште повеќе, бидејќи се создадени да прифатат и размислуваат проблемите премногу емотивно, што дополнително го зголемува нивото на стрес.

Истражувањата покажуваат дека мажите се посклони да се исклучат од стресот, правејќи секс за разлика од жените, кои ако се обземени од загриженост и вознемиреност се опуштаат многу потешко.

Поради срам од телото
Скоро на секој човек не му се допаѓа одреден дел од телото или целото тело. Може да ви се чини чудно, но тоа е една од најчестите причини за откажување од секс или избегнувањето. Дури кај луѓето со долгорочни партнери и врски проблемот со неодобрување на телото се јавува како главен во отсуство на секс.

Слични содржини