Екипата на Барселона со нова убедлива победа ја заврши сезоната во шпанското првенство.Последна жртва беше тимот на Адемар Леон .Барселона победи со 40-29 во меч кој беше решен уште во првото полувреме кога каталонскиот гигант и апсолутен првак поведе со осум разлика (22-14).

kire-lazarov-624x351

Адемар Леон беше конкурентен само во првите десетина минута кога резултатот беше 5-4, но потоа Барса ја презеде контролата и прашање беше само со колку разлика ќе заврши мечot.

На крајот, најефикасен на теренот беше нашиот Кире Лазаров кој постигна осум гола од девет обиди. Зад него беше Сигурдсон со седум и Сорендо со пет. Кај гостите, Да Силва реализира седум гола.Следна цел за Барса ќе биде завршниот турнир од Лигата на шампионите кој се игра идниот викенд во Келн.

 

Слични содржини