Производите на Лего стануваат се се понасилни, додека производителот на играчки се вклучува во „трката со оружје“ за да го привлечат вниманието на децата во ова дигитално доба, стои во една нова студија.lego-movie

Истражувачи од Нов Зеланд велат дека коцкичките со оружја полека стануваат се поприсутни и сега сочинуваат 30 проценти од сите комплети на Лего.

Во истражувањето се тврди дека Лего се само одраз на сепоприсутните трендови во забавата за деца. Од Лего пак велат дека оружјата отсекогаш се користеле во поширок контекст, како што е спасување на светот, и се дел од растењето и развојот на децата.

Во студија во која е направена споредба со други производители на играчки, и која беше објавена во онлајн списанието Plos one, истражувачи од Универзиетот на Кантербери заклучуваат дека Лего „со текот на времето покажува постојан пораст на насилство“, со поголем сооднос на оружја кои се појавуваат помеѓу коцките и во тематските комплети.lego-kocki-wow-17

Првите оружја Лего ги воведува во 1978 година во комплет со замок во кој има мечови, секири и оклопи. „Производите на компанијата Лего не се толку невини како што некогаш беа“, вели главниот истражувач Кристоф Бартнек.

– Насилството во производите на Лего изгледа ја надмина самата смисла на играњето, додава тој. Анаљлиза на каталозите на Лего од 1973 до 2015 открива дека и приказните (нарацијата) на самите игри стануваат се понасилни, а 40 проценти од страните во каталозите содржат некој вид на насилство, како што се пукање или закани.

– За да го привлечат вниманието на нивните муштерии, производителите на играчки се слично во метафорична трка со оружја за своите нов провзоди се вели во студијата.

Портпаролот на Лего, Трој Тејлор, рече дека производите на компанијата промовираат широка палета на активности, како што се градење, фантазија и конфликти.lego-2

– Како и кај сите други видови игри, конфликтите играат нормална улога во развојот кај децата, беше цитиран во изјавата за агенцијата АФП. „Секогаш се обидуваме да додадеме и радост онаму каде е тоа можно, кога тоа помага за да се спушти нивото на конфликт“, додаде тој.

Лего скоро банкротираше во 2003-4 година, кога електронските игри и се заканија на иднината на компанијата.

Данската компанија се обиде да воскресне со воведување на популарната култура, и почна да продава тематски комплети поврзани со познатите филмски франшизи како Војна на ѕвездите, Бетмен или Хари Потер. Од тоа резултатот е 11 последователни години на раст, а од компанијата на почетокот на годинава најавија дека во 2015 направиле профит поголем за 31 проценти, кој достигнал до 1,4 милијарди долари.

Слични содржини