ВМРО-ДПМНЕ синоќа пред полноќ ги поднесе листите со имињата на кандидатите за пратеници за предвремените избори закажани на 5 јуни.

Носител на првата изборна единица е претседателот на партијата, Никола Груевски, носител на листата на втората ИЕ е министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во третата е координаторот на пратеничката група, Илија Димовски, министерот за здравство, Никола Тодоров е носител на листата во четвртата ИЕ, Антонио Милошоски како и досега е носител во петтата ИЕ, а пратеникот Влатко Ѓорчев е носител во шестата изборна единица.

gruevski

На листите ги нема поранешните министри аболицираните Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески. Од останатите аболицирани на листата секако се Груевски со 7 аболиции, претседателот на Собранието Трајко Вељановски со 1 помилување и поранешен министер за земјоделство Љупчо Димовски со 1 помилување.

На листите меѓудругите се и Зоран Ставрески, Диме Спасов, Елизабета Канческа Милеска, Амди Бајрам и Иван Стоиљковиќ,a доминираат пратениците од досегашниот пратенички состав.

Кој од што бега ? ВМРО-ДПМНЕ тргнаа сами на избори !?

За дијаспората од ВМРО ДПМНЕ кандидирани се три имиња: актуелните Павле Саздов и Васко Наумовски, и Каролина Барбутова.

На листите покрај Јанкуловска и Јанакиески ги нема ниту Владимир Пешевски, Митко Чавков, министерот за транспорт и врски Мисајловски, Спиро Ристевски

Слични содржини