Тројца чувари во затворот “Топола-Чико” во Мексико се обвинети за убиство во еден од најкрвавите затворски бунтови во историјата на земјата, при што загинаа 52 лица.

665427094d985e226907d0eea5f5c02b
Властите соопштија дека откриле во телото на еден од загинатите куршум што бил испукан од пиштолот на надзорник. Според нив бунтот почнал при судир меѓу претставниците на различни нарко картели. Гувернерот на мексиканската држава Нуево Леон Хаиме Родригез Калдерон изјави дека по бунтот при претрес биле откриени сокриени 60 чекани, 86 ножа и 120 рачно изработени бодежи.

По бројот на загинатите бунтот во затворот “Топола-Чико” стана еден од најкрвавите во историјата на земјата.

Слични содржини