Тројно убиство и самоубиство во скопско Глумово

од desk3

Тројно убиство и самоубиство во Скопје. Шабан Сулејмани од скопско Глумово утринава го убил братот и двајцата внуци,  по што се самоубил. Увидните екипи на МВР и крим техника вршеа увид на местото на убистовото. Од МВР потврија дека сите починати се во крвно сродство. Од Основното јавно обвинителство велат дека:

„Јавниот обвинител издаде наредба за прибирање на сите докзани материјали кои се најдени на лице место, а подоцна ќе бидат испратени на вештачење. Телата на починатите ќе се дадат на обдукција.“

Од МВР велат дека заради меѓусебни недоразбирања, Шабан ги убил своите роднини.

„Според првичните информации од истрагата, причина за немилиот настан се најверојатно семејни недоразбирања. Сторителот, тројцата жртви и повредениот се членови на едно исто семејство.“ – изјави Ивица Илиевски – портпарол на МВР

Настанот се случил околу 10 часот кога Шабан Сулејмани од Глумово дошол на гости кај своите синови во скопската населба „Ѓорче Петров 2“. Според очевидците, Шабан отишол во населбата „Ѓорче Петров“ на улицата „Панајот Гиновски“ каде живееле неговите синови. Таму се сретнал со децата од неговиот брат, Мумин, Аријан и Бари, кои биле во придружба на нивните деца Неби и Зуљфикли. Пукал кон нив. Внуците Мумин и Аријан биле убиени на лице место. Бари бил погоден и со прострелни рани во стомакот бил однесен во Ургентниот центар во Скопје. Откако го извршил грозомортниот чин, Сулејмани заминал кон селото Глумово. По пат го видел и брат му Абдул, по што пукал и во него. Го убил на лице место. Блиски роднини на Шабан Сулејмани се обиделе да го смират и да го натераат да се предаде на полицијата, но тој откако ги видел полицајците во дворот од неговата куќа се самоубил со истиот пиштол со кој ги убил и останатите членови на семејството./Алсат М

Слични содржини