Тропски бран во Европа, од Лондон до Сибир

од Vladimir Zorba

– Европа е под високи температури, а во Британија е регистриран најтоплиот ден во јуни во изминатите 40 години.

Во Португалија повеќе од илјада пожарникари и понатаму гаснат шумски пожар што изби минатиот викенд и во кој загинаа 64 луѓе. Температурите во Португалија моментно се околу 35 степен Целзиусови, ниво што е регистрирано и во Италија, Австрија, Холандија, па дури и на Алпите.

Во Италија метеоролозите велат дека моментниот топлотен бран може да биде најинтензивен во изминатите 15 години, со температури и за осум степени над годишниот просек.

Во Милано се измерени 39, а во Алпите на висина од илјада метри и до 30 степени.

Студија објавена во понеделникот најавува екстремни топлотни бранови што ќе бидат се повообичаени ширум светот дури и ако порастот на температурите е ограничен на два степена Целзиусови, пренесе Танјуг.

– Дури и ако се надмине просекот според Парискиот договор за климатски промени зацртан за два степена, изложеноста на населението на смртоносна топлина ќе биде поголема за околу 50 отсто до 2100 година, изјави Камило Мора, автор на анализата.

Во Британија се регистрирани рекордни температури за овој дел од годината. Во Гилфорд, јужно од Лондон се топел асфалтот, а моторцилисти го споредувале со чоколадо на жешко сонце.

Во Франција каде има топлотен бран, државните служби објавија дека постарите лица и инвалидите ќе бидат повикувани од вработени во поштенската служба. На жените возачи на автобуси им е дозволено да возат во здолништа, што не е по протокол, поради што мажите возачи во Нант протестираа бидејќи ним не им е дозволено да возат во бермуди.

Во Сибир е регистриран топлотен бран со температури до 37 степени во градот Краснојаск. Меѓутоа, во таа држава е регсистрирана и друга екстремна температура – само еден степен и снег во Мурманск на север.

– Многу граѓани се смрзнуваат бидејќи за време на летото во становите е исклучено централното греење, јавија руски медиуми.

Слични содржини