Трошоците на живот пораснаа

од desk2

Трошоците на животот во септември годинава, во споредба со септември лани, пораснаа 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на заводот, трошоците на животот во септември годинава, во однос на претходниот месец, бележат намалување од 0,6 отсто.

Намалување на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со август, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 3,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 2,8 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,9 отсто, другите прехранбени производи за 1,7 отсто, оризот за 0,8 отсто, брашното и другите житарки за 0,5 отсто, млекото, маслото и маснотиите за 0,3 отсто и јајцата за 0,2 отсто.

Намалување е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 20,2 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 10,5 отсто, услугите за сместување за 6,5 отсто, гасот за домаќинствата за 2,3 отсто и други сектори.

Слични содржини