Тројца повредени во две тешки сообраќајки во Прилеп

од desk2

Во две одделни сообраќајни незгоди кои се случиле во Прилеп во неделата, со тешки повреди се здобиле две млади момчиња и еден постар велосипедист.

Во 4 часот на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ. (33) од Прилеп и патничко возило „Мерцедес“, управувано од Т.С. (44) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнале сопатникот од возилото „Ауди“-Г.З. (19) од Свети Николе, и сопатникот од возилото „Мерцедес“-К.Д. (23) од Прилеп. Со возило на Итна медицинска помош истите биле пренесени во Градска болница Прилеп, од каде по укажаната медицинска помош, поради сериозноста на повредите, биле препратени во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп.

Во 13.35 часот на крстосницата од ул. „Димо Нареднико“ и ул. „Бидимаш“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Лупо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Д. (29) од Скопје и велосипед управуван од М.Ш.(53) од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал велосипедистот, кој со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани повредите и е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Прилеп.

Слични содржини