Трпески: СДСМ не можат да пуштат автопатска делница која веќе е завршена

од desk2

Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека власта на СДСМ, иако два и пол месеци биле на власт, не можеле да пуштат во употреба веќе завшрен автопат, ветувале 600 километри нови автопатишта, а не можеле да пуштат во употреба ни автопатска делница која веќе била завршна.

„ Автопатската делница Демир Капија – Смоквица, во должина од 29 километри и вкупна вредност од 218 милиони евра, важи за една од најтешките автопатски делници во Републиката, која е целосно реализирана од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, и единствено чека пуштање во употреба веќе два и пол месеци. Единствена причина зошто денес граѓаните на Република Македонија не се возат по новиот автопат, е неспособноста на Владата предводена од СДС, цело лето да дислоцира електричен столб и да добие одобрение за градба за диспечерски центар“, рече Трпески.

Тој додаде дека незаинтересиранот министер за транспорт и врски, Сугарески пред три недели во изјава за медиуми, кажал дека бара од ЈП за државни патишта и АД МЕПСО да ја комплетираат документацијата потреба за решавање на овие две прашања.

„Поминаа три недели, а јавноста нема одговор во што е проблемот. Граѓаните не можат да чекаат неспособниот Сугарески да изведе најобична административна процедура, која се решава во рок од неколку дена“, рече Трпески.

Слични содржини