Трудниците да внимаваат на лекарствата: Парацетамолот е штетен за фетусот

од desk2

Бремените жени кои земаат парацетамол во препорачани дози може да му нанесат штета на половиот орган на машкото дете, а може да ја намалат и плодноста на своите ќерки, се предупредува со најновото истеажување.

Со тестирање на таблетите на глувци утврдено е дека кај машките младенчиња се намалува нивото на тестостерон. Истражувачите апелираат мајките два пати да размислат пред да испијат некоја таблета.

„Редуцираното ниво на тестостерон значи дека машките органи нема да се развијат како што треба, а тоа влијае на сексуалниот нагон. Глувците кои биле изложени на парацетамол додека биле во мајчината утроба не можеле да се парат на ист начин како контролните глувци. Нивните органи не биле развиени во текот на феталниот развој и тоа може да ги следи цел живот“, вели професор Давид Мабјерг Кристенсен од Универзитетот во Kопенхаген.

Истражувачите го анализирале и влијанието на женските глувци и утврдено е дека подоцна имаат помалку јајни келии ако на нинвите мајки им е даван парацетамол за време на бременоста. Ова довело до неплодност кај глувчиците.

„Ова не значи дека не треба никако да се пијат таблети, но мора да се консултирате со вашите лекари. На крај, поопасно е зафетусот кога мајката е болна“, вели Кристенсен.

Утврдено е и дека кај машките глувци на чии мајки е даван парацетамол се јавил проблем со развој на тестисите. Машките глувци не го „напаѓале“ женските во периодот кога тоа е природно предвидено, немале сексуален нагон и не ја означувале својата територија. Причиината е токму недостатокот на тестостерон.
Студијата е објавена во научниот журнал Reproduction.

Слични содржини