Цел живот била бринета, а сега Пенелопе Круз е русокоса во црна кожа

од Vladimir Zorba

Славната глумица Пенелопе Круз го шокираше светот, изгледа највеќе до сега, со оваа драстична промена.

Една од најубавите жени на светот, глумицата Пенелопе Круз, го шокираше светот кога се појави во јавност како вистинска бојосана долгокоса русокоса.

Убавата Пенелопе сиот живот била бринета, не се одважувала на драстични промени како на фризурата така и на бојата на косата, а сега…Како русокоса ретко кој би ја препознал!

Сепак, иако на многумина им се допаѓа како секси русокоса, промената не е трајна. Пенелопе носи перика која е одлично вклопена со шминката и тенот, а драстичната промена на имиџот е за потребите на толкување на ликот на Донатела Версаче во третата сезона на серијата “American Crime Story”, посветена на историјата на прочуеното семејство.

Серијата би требало да се прикажува од 2018 година, а малку промена, барем на кратко, изгледа дека и се допаднало на убавата Шпанка.

Како ви се допаѓа ваквата Пенелопе?

Инаку , ова не е прв пат славната глумица драстично да се престори во ликот кој го толкува. Вака тоа изгледало минатата година, во текот на ангажманот во филмто„Ма Ма„.

С.В.

 

Слични содржини